Мојата приказна за радио аматерството
започна во 1969 година кога положив испит
за радио оператор III класа
во локалниот радио клуб YU5CEF во моето родно место Битола,
Југославија. Набргу потоа, добив личен повик
YU5XDM и продолжив како оператор со лиценца од класа II. На
фотографијата погоре со мојот пријател Тед/Z31RM
(лево) пред 50-тина години. Откако Југославија се распадна во 6 нови
држави, со живеење во Македонија,
знакот ми
беше сменет во Z32DM, но не бев многу активен на радио брановите,
следејќи ја професионалната кариера и грижејќи се за семејството.
Понатаму, барајќи подобар живот јас и моето семејство се преселивме
во Соединетите Држави. Бидејќи бев секогаш
премногу зафатен за да си посветам време на себе, работите не се
променија многу овде во САД се додека не решив да се пензионирам во
јануари 2021 година, кога дефинитивно решив да ја
почешам старата краста за да се вратам
на радио брановите. Уште кога работев за потребите
на мојата професија, одржување на радио предавателна опрема,
во 2015 година, ги положив потребните
елементи со што ми беше доделена
комерцијална лиценца за генерален радио оператор со
поддршка за радари. Конечно во 2021 почнав со слушање
на кратки бранови
на мојот домашен SDR
приемник на 3,5 - 7 и 14 MHz и мојот
рачен
Dual-Bander на 144 MHz и 432 MHz додека не купам подобра опрема.
Во
март 2021 година повторно полагав
испит за аматерски радио
оператор кога ми беше доделена лиценца
за работа на аматерска радио станица со знакот за повикување
KF0EDI. Набргу откако аплицирав
за нов личен повикувачки
знак, ми беше доделен мојот сегашен знак W5DMA.
За почеток користев еден постар Yaesu Vertex
трансивер
VX-1700 а неколку месеци подоцна
набавив нов Icom IC-7300.
Во заедницата каде што е нашата куќа не
се дозволени надворешни
видливи антени така што моментално имам четири антени на поткровјето,
дипол за 7 и 21 MHz, превртен Vee за 14 MHz, Delta Loop за 28 MHz и
Gamma-Match дипол за 50 MHz.
Сите
мои QSO се потврдуваат
веднаш на eQSL.cc, hrdlog.net,
hamqth.com и clublog.org или неделно на
QRZ.com и LOTW. Ако ми испратите хартиена QSL картичка
и јас ќе ви испратам директно моја на
вашата домашна адреса. Исто така, испраќам
мои eQSL картички за
секој двонасочен QSO до знаците за повикување кои објавиле адреса за
е-пошта на QRZ.com. |