1KW Транзисторски ТВ засилувач - модификација за 6m подрачје

Од eBay купив модуларен засилувач Harris кој оригинално беше користен за TV Channel 2 предавател. Овие модули излегоа од деактивирани аналогни ТВ предаватели. За модификација на истиот да се користи за 6 метарско подрачје потребна беше изработка на ново напојување од 48V 100A, како и RF I/O конектори, заедно со имплементирање на нов систем за ладење. Сепак, требаше да се изградат и нископропусен филтер и антенско T/R реле за работа со излезна снага од 1KW. Подолу е опишана градбата на исправувачот за 48 Волти.

 

Модификација на конекторот за RF-In, напојување 48В и I/O

Комплетиран 1 KW Транзисторски засилувач за 6 метри после модификацијата

Релејна кутија за антенскиот прикључок

Опремата за 6 метри е спремна за работа

Исправувач за напојување 48 Волти 100 Ампери

За горе споменатиот 1 KW излезен степен направив комбинација од 4 идентични поврзани во серија исправувачи од Hewlett Packard сервери од кои секоj обезбедува 12V 75A на 120 AC или 100A кога се напојува со 240AC. Потоа додадов и детектор на грешки на оригиналниот 1 KW модул од Harris. Имав цврст и стабилен напон, но подоцна се покажа дека овој иаправувач создава широк спектар на RFI па истиот го откажав и го заменив со нов 50V исправувач од слична потекло кој работеше многу потивко

.

Предна плоча

Задна плоча

Внатрешно поврзување на модулите

Поглед од блиску

Модификација на конекторот на детекторот за корекција