|
Отсекогаш
сакав да изградам линеарец со висока моќност за Кратки Бранови. Пред
некое време купив Gunset 200 (4X811) линеарец. Играв со него и на
крајот го надградив со цевки (4X572). Тоа не одеше добро, па завршив
со откажување на проектот од што го зачував само високонапонскиот
мрежен трансформатор. Подоцна
најдов на интернет шасија од
стар Heathkit SB200. Користејќи го зачуваниот трансформатор,
изградив нов линеарец со две руски цевки GI46A. Го користев
оригиналниот SB220 PI филтер со некои модификации за да додадам
работа на 6 метри. На крајот можев да постигнам RF од 950 W на
појасите од 80, 40, 20 и 15 m, но само 700 W на 6 m. Верувам дека
причина за ограничувањето беше трансформаторот што не можев да
добијам 1 KW излезна снага. Тоа беше причината поради која се
одлучив за модификација на Харис модулите од 2 ТВ канал на 6 метри и
што беше мојот следен проект. |