|
Примо-Предавателна Секција
Целта на членовите на оваа секција е одржување на радио врски со
клупските радио уреди на бранови должини наменети само за радио
аматери.
Конструкторска секција
Одржување и поправка на радиоаматерските уреди сопственост на радио
клубот, на членовите и други аматери со сродни активности како ЦБ
аматери и слично. Изградба на разни електронски уреди од широк опсег
според интересот на членовите на клубот.
Образовни дејности
Организирање на разни курсеви за обука на радиотелеграфија, обука
за користење на компјутери за радио аматерски цели и слично.
ИТ Секција
Обука за почетно програмирање на конструкции кои содржат
микроконтролери за потребите на радиоаматерите активности.
Аматерска Радио Гониометрија
Обука за откривање на скриени радио станици со специјално за таа
намена конструирани уреди наречени радио-гониометри.
Учество на такмичења во ХСТ
Најдобрите телеграфисти учествуваат во меѓународни натпревари.
Oбразовна секција
Oбука на млади техничари, сите заинтересирани од 10 години нагоре за
областите електротехника, електроника и радиотехника според
интересот.
ЛИНК ЗА РЕГИСТРАЦИЈА |