|
Битолчани отсекогаш биле
големи ентузијасти кога се работи за пратење на радио и
телевизиска програма. Меѓу првите во Македонија
Битолските ентузијасти се осмелија на проект дотогаш
незамислив за тогашните прилики. Со многу волја, труд,
пожртвованост и знаење групата аматери vo 1958 г. го
оствари првиот телевизиски пренос за Битолчани на
државниот канал на Италијанската телевизија. Преносот
беше овозможен после многу експерименти и опрема која
беше однесена на врвот Пелистер од каде беше репетиран
сигналот на Италијанската Телевизија. Битолчани секако
немаа дома ТВ приемници и за да го видат овај за нив
извонреден настан се собираа пред излогот на Радио
Центар каде можеше да се види директен ТВ пренос
од Светското првенство во фудбал. Еве
само неколку имиња за кои знаеме дека учествувале во
напорите Битолчани да пратат Италијанска телевизија во
годините кои следувале: Асен Даскалов - Сенчо, Атанас
Стојановски - Ацко, Јован Стојановски - Јонче, Борис
Гагалев - Гагале и други за кои немаме податоци.
Повеќето од учесниците во овај проект/експедиција не се
меѓу живите, вечна им слава.














|