|

Христовски Стево -
Патакот
(1920-1943)
Христовски
Стево - Патакот беше
македонски
револуционер,
личност
која
беспоштедно се предаде
на
ослободителната
и антифашистичка
борба на
македонскиот
народ за слобода.
Уште пред
војната
станал член
на КПЈ и се
пројавувал
со својата
активност
во редовите
на
револуционерното
движење во
Битола. За
време на
окупацијата,
поради
борбените
негови
активности,
на два пати
бил
затворан и
мачен. После
тортурите
во битолскиот
затвор,
бугарската
полиција го интернирала
во Кавала.
При
враќањето
од интернација,
на
битолската
железничка
станица
успеал да избега на
полицијата.
Претрпените
мачења, тортури
и
интернацијата
не успеале
да го скршат
неговиот
револуционерен
дух, туку го
правеле
уште
поцврст и
длабоко убеден
во идеите
кои ги
пропагирала
Партијата.
После
бегството,
илегално
живеел и
дејствувал
во Битола. За
тоа време
поминато во
илегала, не
мирувал,
туку
неуморно
работел за
револу
ционерното
движење. За
потребите на
Партијата
извршувал
најразлични
одговорни
партиски
должности.
На 28 јули 1943 г.
бил откриен
и обиколен
од
бугарската
полиција.
Влегол во
борба, но
увидувајќи
дека
борбата е осудена
на неуспех,
со
последнот
куршум се убил,
за да не
падне жив во
рацете на
непријателот.
Почивај во мир.
Повеќе
за нашиот
патрон прочитајте
во следната
публикација
ЗБОРНИК
НА ТРУДОВИ
БР. 22
|
|