Аудио Интерфејс за дигитални комуникации

Пред неколку години кога го добив за прв пат трансиверот Vertex VX-1700 бев исправен пред предизвик да направам интерфејс за кој никако не можев да најдам успешно решение. Читав дека многумина сопственици на овај модел го имаат истиот проблем но никој до тогаш немаше објавено целосно решение за дигитални радио врски. За целосна контрола на овај уред со компјутерскиот хардвер се неопходни повеќе врски. Како прво неопходна е комплетна сериска врска меѓу серискиот порт на компјутерот и серискиот порт на трансиверот. Тоа е САТ контролата а потоа следува аудио врската во два правци. На крајот и најтешко беше да се изведе РТТ контролата врз уредот од страна на компјутерскиот софтвер која нажалост не е опфатена со САТ врската. Така се појави потреба од два независни сериски RS232 портови на страната на компјутерот. На жалост поновите модели на компјутери немаат сериски портови така да останува или да се инсталира bracket со конектори на задната плоча зашто тие портови постојат внатре и им треба само кабел со надворешен конектор или да се користат ефтини USB/Serial адаптери. Запомнете дека за правилна работ на овие адаптери неопходна е инсталација на драјвери. Заради шареноликоста на истите во зависно од каде ќе ги набавите, погледајте ја следната табела за нивната компатибилност со вашиот оперативен систем. Еве неколку различни опции кои би можеле успешно да функционираат за оваа намена.

Опција 1 Компјутерот нема ниту еден RS232, потребни ви се два USB/Serial адаптери, едниот во оригинална форма а другиот модифициран. За модификација ќе стане збор покасно во текстот но истата е многу пипава работа и е потребно големо искуство со летком. Постојат и комплетни USB/Serial адаптери со сите пинови за кои не е потребна модификација но се поретки. Покрај овие адаптери ви е неопходен и трет адаптер TTL/RS232 кој ќе биде на страната на уредот.

Опција 2 Компјутерот има еден RS232 и истиот со null-modem кабел се поврзува со GPS портот RS232 на VX-1700. Со тоа е остварена САТ контролата. Со двосмерна аудио врска се обезбедува модулација на предавателот и прием за декодирање на страната на компјутерот. Останува да се направи PTT прикључок кој се зема од модифициран USB/Serial адаптер каде се користат DTR и RTS пиновите од серискиот чип кои на жалост ги нема на обичните USB/Serial адаптери.

Опција 3 -компјутерот има два РС232 портови. Овде нема потреба од многу ризичната модификација на USB/Serial  адаптер  бидејќи DTR и RTS сигналите директно се изведуваат од RS232 но тоа се импулси со многу високо ниво и неопходен е оптокаплер за PTT контрола на уредот.

Модификација на USB/Serial адаптер

Како што се гледа од диаграмите за РТТ контрола и тастување на трансиверот неопходни се пиновите DTR и RTS. Истите постојат во чипот но обично не се користат. Затоа на обичниот адаптер треба да се исечат линиите RX и ТХ кои во овај случај не служат за ништо и на нивни места да се премостат со мали жички пиновите 2 и 3 кон излезите така да сега имате DTR и RTS пристап за контрола. Едниот од овие два служи за РТТ окинување а другиот за тастување на трансиверот преку софтверски програм за телеграфија. Оваа тешка модификација не е потребна ако имате ваков USB/Serial кој ги дава сите пинови за користење.

Главна Интерфејс плочка

   

   

 Интерфејс плочката содржи двосмерена аудио контрола со трансформатори за галванска изолација и потенциометри со фина регулација. Трансформаторите се од стари расходовани телефонски модеми со импеданса од 600 ома и однос 1:1. Имав еден неупотреблив интерфејс за програмирање на мобилни телефони и од него ја искористив кутијата како и старата штампана плочка од која ги извадив сите компоненти освен прекинувачите и конекторите.

Во другиот дел на интерфејсот закаченa на LED лампите е мала плочка на која се сместени транзисторите, оптокаплерите и другите елементи кои се прикажани на следниот диаграм. 

 

 

Q1 и Q2 се обични NPN транзистори за мала снага и работаат како инвертори на DTR и RTS сигналите. Прекинувачите имаат две положби и можат да служат како рачно окинување на DTR и RTS сигналите како во случај на TUNING каде е потребно стален сигнал за дотерување на уредите. Оптокаплерите 817С се стандардни но доволно брзи да служат добро за оваа намена. Секако можат и други типови да се искористат ако имаат слични карактеристикиЛево ви е даден и распоредот на пиновите на DATA конекторот од трансиверот. Запомнете, без галванска изолација со трансформатори и оптокаплери ризикувате да го оштетите скапоцениот уред. Уште една многу важна информација, овај трансивер се испорачува со неколку разни опции, GPS, ALE и без ниедна од овие. Овај модем ќе работи успешно само ако вашиот уред има вградена опција со GPS (RS232) конектор. Во спротивно нема да имате САТ комуникација со софтверот. Digital Mode исто мора да се користи кога се употребува за FT-8 но истиот понекогаш треба и со програмирање да се промени. За програмирање на модови или фреквенција на канали треба да користите софтвер познат под името СЕ-77 а можете да го симнете овде.

Во случај да ви треба Сервисно Упатство или Упатство за инсталација на Vertex Standard VX-1700, истите можете да ги симнете од Архивата на овај вебсајт. Ако имате прашање, напишете емаил до webmaster. Добра среќа!