|
Николче Поповски - Ник Z31AA / NN3Y
Долго годишен член на радио клубот Z37CEF,
моментално живее во Miami, Florida
USA

|
Радиоаматерството носи
многу предизвици. Еден од најголемите е комуникацијата
Земја-Месечина-Земја (EME). Не
знаев многу за тоа додека Тед (Z31RM) не ме убеди да се
нафатам на тој предизвик. Земајќи го предвид него- вото
искуство на 6m EME, сфатив дека тоа би било начин да се
започне. Испадна дека згрешив. По година и по- ловина
градење антени, појачувачи на снага и други работи,
можев да завршам само еден EME QSO на 6 метар- ското
подрачје. Причината за неуспехот беше огромниот локален
шум кој е повисок од сигналот што отскокнува од
Месечината. За време на обидите на 6 метри, различни
станици го известуваа моето емитување но од сите нив
одработив само една радио врска. Откако го сфатив тоа,
едноставно ги прескокнав радио врските на 2 метри кои би
имале сличен проблем и скокнав на 70 см подрачје. Тоа
беше успех на првиот обид. Откако завршив повеќе од 150
QSO на 70 см, сакав да пробам микробранова EME. Поради
ограничување на дворот и потребата за големина на
антени, решив да се качам на опсег од 3cm
(10.368.200MHz). Повеќе за поставувањето радио станица
од 10 GHz во еден од следните проекти.
Се гледаме
преку месечина
73 DE NN3Y |
1KW
Линеарен засилувач на снага за КБ со две
GI46A
1KW Транзисторски
ТВ засилувач -
модификација за 6m подрачје
1KW Транзисторски ТВ засилувач -
модификација за 70cm подрачје
Проект за 10 GHz EME Радио
Станица
|